Дератизација во Куманово

Од:

Општина Куманово информира дека утре, задутре и в петок ќе се изврши дератизација (третирање против глувци) на територијата на општината. Третманот ќе се изврши со поставување мамки во отворите од шахтите на канализациската мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.

Во случај третманот да не се изврши поради неповолни временски услови, дератизацијата ќе се спроведе наредните денови.

Препаратот што ќе се користи, појаснуваат од Општината, е од групата антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Граѓаните се предупредуваат да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај родентицидот да го најдат на отворено, да не го допираат.

Куманово од општинскиот буџет одвојува 600.000 денари за дезинскеција, дератизација и ларвицидна дезинсекција, која се спроведува двапати годишно – напролет и наесен.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он