Деновите од 4 до 30 април да бидат неработни, предлагаат КСС и МЗЗПР

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа денеска испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 30 април да бидат неработни.

Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во денешното соопштение, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како што е Католички Велигден на 12 април, Православниот Велигден на 19 април.

– Оттука претпоставките се дека заразата може да се рашири многу повеќе од очекуваното, велат од КСС.

Платите за дневници за вработените во тој период би биле на товар на Владата, а фирмите што се уште се ликвидни тој товар би го понеле сами во знак на солидарност.

– До овој момент поддршка на платформата дадоа: Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна, се наведува во соопштението.

Предлагаат Владата да апелира до верските заедници да упатат повик до граѓаните претстојните верски празници да ги поминат во домашна атмосфера со своите семејства.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов

Граѓаните не мислат само на избори: Распродадени туристичките аранжмани за Први Мај и Велигден

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Предраг Петровиќ