Денови го делат Груевски од првата пресуда на СЈО

Од:

В понеделник во кривичниот суд продолжува судското рочиште за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, во кој е обвинет експремиерот Никола Груевски. До крајот на неделата има закажно уште само 2 рочишта в четврток и петок, на 17 и 18 мај. Предметот е пред изнесување завршни зборови и соопштување на пресудата. Тоа значи дека во текот на неделата може да се очекува судот да ја донесе првата пресуда за предмет на СЈО, во кој е обвинет Груевски.

На претходното рочиште тој одби да даде усмена одбрана и пред судот рече дека од сите презентирани докази се покажало дека тој не го сторил кривичното дело за кое го обвинува специјалното јавно обвинителство. Пред медиумите Груевски изјави дека судијката Добрила Кацарска се договорила со премиерот Зоран Заев, тој да добие осудителна пресуда, а актуелниот премиер – ослободителна.

Првото судско рочиште за овој случај започна на 30 јануари 2018 година, што значи дека судењето трае неполни 3,5 месеци. На ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за овој предмет ќе ѝ се суди одвоено поради ризична бременост, а судењето, како што објави „Макфакс“ започнува на 28 мај. Во овој предмет обвинет е и Ѓоко Поповски, експомошник-министер во МВР.

Според обвинението, обвинетите овозможиле јавна набавка во која Министерството за внатрешни работи ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило од марката „Мерцедес“ модел „С 600 Гард“ така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ од Скопје, како генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката „мерцедес“.

Инаку, за Груевски, покрај „Титаник“ има уште 4 активни обвиненија за предметите: „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“ и „Насилство“. СЈО против него отвори и неколку нови истраги.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски