Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Од:

Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според прогнозата на УХМР следува период на стабилно и суво време.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со услови за утринска магла

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево време со умерена облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд