Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северен ветер.
По одделни котлини и планински превои има мала веројатност за појава на утринска магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната од 15 до 20 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура од 3, и максимална до 18 степени.