Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Веќе од утре под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд.

Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна недела.

Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m², а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нула, а дневните во четврток ќе достигнат максимум до 12 степен.

Би можело да ве интересира

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито