Денеска одлука за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

Од:

Советот на судии во Солун денеска ќе ја соопшти одлуката за екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлуката е веќе донесена, а таа денеска ќе им биде соопштена на поранешните началници на УБК.

Грчките медиуми пишуваат дека одлуката е двајцата да бидат екстрадирани во Македонија, со оглед на тоа што на 20 декември по сослушувањето на сите сведоци, тоа го предложи обвинителот.

Последното рочиште се одржа на 22 декември и беше закажано за да се соопшти одлуката на Советот на судии. Со мали прекини, судењето траеше повеќе од два часа, бидејќи се правеа обиди да се најде преведувач. Превод од грчки на бугарски не беше прифатен од одбраната, па поради неможноста да се најде преведувач на македонски, рочиштето беше закажано за две седмици подоцна.

– Имаме конкретни сомнежи во однос на тоа дека нема да имаат фер судење, директно се во опасност нивните животи. Обвинението е целосно нејасно. Еден друг наш аргумент е дека се веќе помилувани и се надеваме дека нема да бидат екстрадирани, рече адвокатот Костас Хаѕијоану за грчките медиуми, на 22 декември.

На претходните две рочишта, одржани на 13 и 20 декември, беа сослушани адвокатот на обвинетите Петар Василев и професорот Александар Даштевски.

Грујевски и Бошковски во судот рекле дека не сакаат да бидат екстрадирани бидејќи се плашат за нивните животи и дека во Македонија нема да добијат фер судење.

Во случај Советот на судии денеска да соопшти дека Горан Грујевски и Никола Бошковски треба да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.

Би можело да ве интересира

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маричиќ: Грција не може да ги лоцира Горан Грујевски и Никола Бошкоски

Искра Манојлоска

1,5 година затвор за Горан Грујевски

Васко Маглешов

Кој стигна избега – седуммина место в затвор на слобода

Васко Маглешов

Дескоска: Грчкото министерство за права сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Ана Ололовска

„Сите албански“ – во УБК прислушувањето било поделено по етнички групи