Денеска нов протест против аерозагадувањето

Од:

За денеска во 13 часот најавен е протест пред Собранието поради аерозагадувањето.

Зад протестот и оваа сабота, како и претходната, стои Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“.

Кристијан Узунов од Граѓанската иницијатива вчера изјави дека се надева на поголема масовност, со цел на надлежните да им се даде до знаење кои се нивните следни чекори.

„Доколку останат неми и глуви на нашите барања ќе почнеме со порадикални мерки“, најави Узунов.

Тој побара од заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули што сработил изминатата недела, односно од нивниот претходен протест, кога побараа свикување на идна владина седница за загадувањето на воздухот.

Утрово Скопје беше на третото место помеѓу најзагадените градови во светот.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС