Денеска ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди.

Претпладне ќе има појава на магла.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 7 степени.

Според УХМР, до сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура.

По одделни котлини ќе има појава на магла.

Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен снег

Претежно сончево со мала облачност, температури до 13 степени

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска променливо облачно и магла во котлините, од утре дожд и постудено

Денеска променливо облачно со сончеви периоди