Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

Од:

Денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати.

Активни пожари (5):
Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село (Општина Велес), со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица (Општина Зелениково) (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума).
Општини Јегуновце, Желино и Сарај: селата Копанце и Туденце (Општина Јегуновце), с. Церово (Општина Желино), со проширување кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума).
Општина Штип: населба Балканска (ниска вегетација).

Пожари под контрола (2):
Општина Кратово: с. Железница (депонија).
Општина Делчево: Делчево (депонија).

Изгаснати пожари (3):
Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација).
Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

Бројот 112 да не се користи како информации и за секојдневни проблеми, повикуваат од ЦУК

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари