Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Од:

За трите меморандуми со Северна Македонија, кои сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за грчкиот информативен портал Ин, вели дека секој грчка Влада оценува што е во нејзин интерес, јави дописничката на МИА од Атина.

-Секогаш, секоја Влада оценува кој е националниот интерес и кои карти за преговарање треба да ги држи во свои раце. Така што, мислам дека грчката Влада, новата грчка Влада што ќе произлезе по изборите, за што се надевам и изразувам сигурност дека тоа ќе бидеме ние, ќе го разгледа прашањето и ќе види што е во интерес на Грција, рече Дендиас.

На прашањето дали би се обврзал дека по изборите меморандумите ќе бидат изгласани, посочува дека тоа не е во негова надлежност.

-Пред сè и кога би се обврзал јас, не би било важно, бидејќи ако има обврзување тоа треба да дојде од лидерот на партијата и сегашниот и иден премиер. Јас сум министер, не сум премиер, истакна шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски