А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дендиас: ЕУ создаде јаз во политиката кон Северна Македонија и Албанија

by А1он07/11/2019 - 17:29361
Share1

Европската унија создаде јаз во политиката и кон Северна Македонија и кон Албанија, ги остави на „чекање“, а „чекањето“ не е политика, „чекањето“ не е воопшто ни позиција, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во интервјуто за грчкото радио „Тема фм“ и додава дека во оваа смисла сака да се информира на утрешната средба со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров.

Следете a1on на Instagram Instagram

Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција разговара и со Италија и со Германија, бидејќи ЕУ перспективата на земјите од регионот, за Атина е директно прашање, но посочува дека е потребна внимателност.

-Ние сме многу внимателни, затоа што не сакаме неуспеси. Знаете, да поставиш една тема на еден совет, ја поставуваш во кој момент сакаш, никој не те спречува. Прашањето е што ќе се случи. Затоа што ако се повтори „не“, тоа не те враќа назад во почетната точка на дискусијата. Тоа те враќа многу порано и во многу полоша точка. Затоа, сакам да разговарам со двајцата, да видам како им изгледа ситуацијата, што прават, каква е внатрешната состојба, да ме известат, вели Дендиас во однос на утрешната средба со Заев и Димитров.

За Договорот од Преспа, шефот на грчката дипломатија вели дека потребно е правилно спроведување, објаснува дека ниту една од страните не може во рамките на меѓународното право да помисли да говори за невалидност на Договорот, додава дека секоја земја како што има минато, сегашност и иднина има и континуитет и мора да ги почитува договорите.

Следете a1on на Youtube YouTube

За евентуална промена на власта кај нас, Дендиас како пример споменува дека и во Грција се смени Владата, а актуелната нема „апсолутно поклопување со позицијата на претходната влада за Договорот“, па и покрај тоа го почитува.

Паралелно, објаснува дека не постои можност за промена на името од Северна Македонија во Македонија.

-Ставот на грчката Влада е јасен, воопшто не постои никаква можност, баш никаква, да стане збор за промена на името на Северна Македонија. Што било друго што ќе го тврди кој бил од соседната земји, мислам дека е итро и не е ни прифатливо како основа за дискусија, вели шефот на грчката дипломатија.

Денедиас во интервјуто за Грчкото радио рече дека Западен Балкан и регионот биле една од темите за кои разговарал и на средбата со неговиот руски колега за време на вчерашната посета на Москва. Како што истакна во интервјуто, на Лавров му објаснил што се случи во Европската унија и која е причината што Грција ја поддржува европската перспектива на овие земји.

-Му објаснив дека сето ова, не се потези против Русија. Ние не сме ѝ непријатели на Русија. Напротив, ние сме земја која е членка на Европската унија, членка на НАТО, стара членка. Ова може да биде корисно за Русија на патот на заемно разбирање со Европската унија и НАТО. Може да им бидеме корисни на Русите токму затоа што ја имаме оваа улога и токму зошто можеме да имаме добри односи со нив, рече Дендиас и додаде дека Грција, во односите со Русија може да биде „канал на разбирање“.

eugrcija

Би можело да ве интересира

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски03/06/2026 - 13:1503/06/2026 - 13:17

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:44

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Горан Наумовски31/05/2026 - 17:08

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски30/05/2026 - 12:5230/05/2026 - 22:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто