Ден за високи гости на вежбата „Сеопфатен одговор – ВОДНО 2018“

Од:

На вежбата „Сеопфатен одговор Водно 2018“ денеска ќе се одржи Ден за високи гости при што ќе присутвуваат заменик министерот за одбрана, Беким Максути, заедно со командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Стивен Креј, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Зоран Милески, директорите на ЦУК и ДЗС, Агрон Буџаку и Аднан Џафероски како и останати високи претставници од државните институции и од НАТО канцеларијата за врски во Скопје.

Вежбата „Сеопфатен одговор – Водно 2018“ претставува национална командно-штабна вежба од областа на управувањето со кризи, која се реализира од 17 до 21 септември 2018 година.

Оваа вежбовната активност е во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија во соработка со Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers), а целта е подобрување и зголемување на националните капацитети и интер-институционалната соработка при справувањето од природни или од човек предизвикани катастрофи.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он