Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“

Од:

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ и ќе се презентираат офанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Армијата на Република Северна Македонија, заедно со припадници на Националната гарда на Пенсилванија.

Како што информираат од Министерството за одбрана, дел од вежбата на Денот за високи гости ќе бидат воздухоплови на Армијата и воздухопловот Б-52 од вооружените сили на САД, специјални сили од Армијата на Република Северна Македонија, вооружените сили на Албанија, Бугарија и САД, како и артилериска поддршка од вооружените сили на Литванија.

На денот за високи гости ќе присуствуваат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министри во Владата, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.

Вежбата „Одлучен удар“ е најголемата досега организирана вежба во земјава во која се вклучени над 2.700 припадници од вооружените сили од Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија. Започна на 5 јуни, а ќе трае до 9 јули.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори