Ден на албанската азбука

Од:

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата ќе организира свечен прием по повод Денот на албанската азбука 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана.

Како што соопшти Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на настанот ќе учествуваат доајени на албанското образование и просветни работници.

Владина делегација предводена од вицепремиерот Лика попладне ќе го посетат Музејот на албанската азбука во Битола каде што ќе биде отворена изложба на портрети на делегати кои пред повеќе од еден век учествувале на Битолскиот конгрес. Одбележувањето ќе биде заокружено со концерт во Центарот за култура во Битола.

Активностите за Денот на албанската азбука, кој е неработен ден за Албанците во Македонија, почнаа вчера со научна трибина во Битола, на која учествува истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија.

На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Во Битола се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес и Ден на албанската азбука

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска