Група граѓани влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија. Тие се дел од насобраните сограѓани кои трет ден по ред протестираат против францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија.
Граѓаните скандираат дека бараат оставка од целата Влада. Дел од демионстрантите се судрија со полицијата која постави кордон пред зградата на Владата.
Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии од петарди.
Протестот го отвори пејачот Ламбе Алабаковски со македонската химна, порачувајќи: „Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“.