СДСМ: Кулминација на политичко насилство, демолиран штаб во Ресен

Од:

Ноќеска е демолиран штабот на СДСМ во Ресен.

Најверојатно тоа се случили после три часот, бидејќи до тоа време имало паркирани возила на партиски активисти.

Искршени се сите пр0зорци, и тоа со грутки асфалтни камења .

„Шокирани сме, и под стрес, ова е најнизок облик на политичко насилство, ако нашите политички противници имаат нешто да ни кажат, тоа нека го направат со зборови а не на ваков начин. Ова ја покажува нервозата и паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели за А1 пратеничката Дивна Јовковска Ефтимоска.

Нервозата, вели излезе на виделина по успешниот и енормно посетен митинг на СДСМ во Ресен. Ова вели е кукавички и недемократски чин , бидејќи се исплашени од поразот во Ресен.

Полицијата извршила увид, но било кажано да не се надеваат дека сторителите ќе бидат откриени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар