Демократски сојуз: Потпишување, па ратификација на договорот со Бугарија

Од:

„Демократскиот сојуз е за транспарентност при носењето на сите одлуки од круцијално значење за граѓаните и државата, посебно кога се работи за прашања од витален национален интерес.

Во таа насока, треба граѓаните да бидат информирани и за разговорите кои се водат и со соседните држави, посебно со Грција и Бугарија, земји членки на ЕУ, со кои имаме отворени прашања и кои можат и натаму да ги блокираат нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

Демократскиот сојуз смета дека граѓаните, но особено опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, се добро информирани за содржината на договорот помеѓу Македонија и Бугарија што треба да се потпише на 2-ри Август.

На сите ни е јасно дека нема договор без компромис и од двете страни.

Опозицијата бара расправа во Парламентот, пред да се потпише договорот. Тоа е спротивно на досегашното искуство и процедури, затоа што секогаш, прво се потпишуваат договорите, а после тоа се расправа во парламентите и се носат законите за ратификација на договорите.

Повеќе од јасно е дека опозицијата и натаму сака „статус кво“ и натамошна блокада на евроинтеграциските процеси.

ДС поддржува храброст, лидерство и преземање на одговорност за иднината и перспективите на Македонија и затоа инсистира и поддржува офанзивна дипломатија и иницијативи за решавање на отворените прашања со Бугарија и Грција“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он