Демократски сојуз: Кривична одговорност за настаните во Шутка

Од:

„Државата е таа која е одговорна за безбедноста на осудените кои издржуваат затворска казна во казнено-поправните установи. Јавното обвинителство треба да спроведе истрага за лицата за кои постојат основани сомненија дека се инволвирани во нападот на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Бараме да се преиспита работењето на Управата за извршување на кривични санкции, посебно од аспект на тоа осудените за тероризам на 40 години затворска казна, да бидат сместени заедно со лица за кои се води истрага и сл.

Директорот на затворот не може да води “истрага“ за разјаснување на овие настани во Затворот, бидејќи постои судир на интереси. Истрагата треба да ја спроведе обвинителството, а комисијата формирана од министерот за правда треба да ја преиспита неговата работа, како и одговорноста на вработените во затворот.

Овој настан мора да биде осуден и целосно расветлен за да не се повторуваат вакви случаи. Одговорноста е субјективна и не смее да се префрла на “имагинарен сторител“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски