Демократски сојуз: Гласањето за Преспанскиот договор е глас на разумот

Од:

„Гласањето за имплементација на Преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

Пратениците треба да расправаат отворено, да ги соочат различните ставови и аргументи и без емоции да донесат разумна и мудра одлука.

Силната партизација на референдумот и поделбите по партиска, етничка и верска основа, не доведе до пред колапс и дваесет и осум годишната работа на сите граѓани и влади, да биде залудна и да не врати во Балканската кал.

Пратениците се пред огромен предизвик, бидејќи тие со дигање на два прста одлучуваат дали ќе ја срушат Македонија или ќе покажат лидерство и ќе ја стават на вистинскиот колосек.

Само “ЗА” значи стабилност, безбедност и опстојување на држава во која ќе може пристојно да се живее.

Алтернативата е неизвесност и држава без народ, млади и иднина.

Затоа Ве повикуваме без двоумење, направете го тој “мал чекор “, но со огромна големина за Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО