Демократски сојуз: Етно-нацинализмот е поттикнат од опозициските партии

Од:

Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности, велат од партијата.

– ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн., поттикнува етно-национализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри.

Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.

Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции.

Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Правдата се приближува до криминалците, единствен начин да се одбранат е со инциденти како овој со знамето вели премиерот

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

ВРЕДИ: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

Осуммина уапсени за вчерашните инциденти со македонското знаме

Катерина Ѓуровски

Јавното обвинителство презема активности за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски