По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Од:

По 24 години од основањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во канцеларијата на партискиот лидер Али Ахмети во Мала Речица за првпат е поставено државното знаме на Македонија.

Знамето беше забележано за време на средбата на Ахмети со амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер.

Во изјава за порталот Тетова сот, Ахмети објасни дека отсекогаш бил поддржувач на унитарната држава и дека поставувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем.

„Секогаш сум бил за унитарна држава. Тоа беше и сугестија од странските амбасадори во земјата, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено во мојата канцеларија да биде поставено знамето на државата Северна Македонија“, изјави Ахмети.

Тој додаде дека овој чекор е во согласност со неговото убедување дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи треба да се почитуваат.

Поставувањето на државното знаме во канцеларијата на лидерот на ДУИ претставува симболичен потег, кој, според Ахмети, испраќа порака за соживот, меѓусебна почит и еднаквост меѓу сите заедници во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

Ахмети: Кој го допира албанскиот јазик, го допира самиот основ на државата

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните