Демократски сојуз: Да престане насилството

Од:

„Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на новинарите на А1 ОН и бара сторителите на овој насилнички акт да бидат откриени и изнесени пред лицето на правдата.

Демократско право е да се демонстрира, тоа никој не може да го спори, но да се напаѓаат и спречуваат новинари во извршување на своите професионални задачи е акт на насилство и тоа мора да престане.

Државните институции да преземат ефикасни мерки и сите кои потикнуваат и повикуваат на насилство мора за тоа да понесат одговорност.

Со силната манипулативна медиумска кампања дека Македонија се разнебитува, федерализира, дека ќе се промени името на државата и идентитетот, се инструмент за потикнување на немири од пошироки размери.

Досега ниту политичка партија ниту лидер на партија дал изјава дека се залага за федерализација, кантонизација, промена на Уставното име на државата или дека е за воведување двојазичност како основа за поделба на Македонија и сл.

Затоа повикуваме на разумно однесување и да не се потпаѓа на манипулации кои се во функција на дестабилизација и нарушување на нормалното одвивање на животот“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време