Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Од:

Како млад човек, јас најпрво што очекував е дека за една година Македонија навистина ќе стане горда држава. Но, за жал, наместо горда, станавме понижени – и тоа е факт. И денес зборуваме за тоа. Кога СДСМ се бореше за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за вработување на роднини во институциите. Денес, Македонија е претпоследна во Европа според висината на минималната плата. Единствената држава зад нас е Албанија, а таа напредува кон ЕУ со сите кластерски поглавја – факт потврден од европските претставници, рече Агрон Демири, член на СДСМ, од трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.

Тој потенцираше дека минималната плата во Македонија изнесува 360 евра и дека овие 360 евра се резултат на политики кои СДСМ ги спроведуваше чекор по чекор.

– И денес, со настапи и предлози во законодавниот дом, продолжуваме да се бориме за повисока плата, но за жал – политичка волја од ВМРО-ДПМНЕ нема. 70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра. Сите ние дома правиме калкулации – со 500 евра не можеш да преживееш месец дена, ни за основна кошничка, – истакна Демири.

Тој потенцираше дека македонските граѓани од ДПМНЕ не може да очекуваат зголемување на минималната плата, кога поддржуваат гувернер кој не верува во нејзино зголемување.

СДСМ поднесе предлог во Собранието за покачување на минималната плата и не се работи за недостаток на пари, туку за недостаток на волја.

Куповната моќ на граѓаните е опадната за над 20%. Цените растат, платите мируваат. Според податоци, трошоците за живот во последните 12 месеци пораснале за 3,3%, додека реалната куповна моќ е падната за над 20%. Ова не се бројки – ова е секојдневието на нашите граѓани.

– Во 20 минути можеме да зборуваме само за 0,1% од штетата која ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја нанесе на економијата. А фактите говорат: преку ноќ донесуваат закони во свој интерес, а ја задолжија државата со над 7 милијарди евра за само една година – сума која го надминува државниот буџет. „Како ќе ги вратиме тие пари? Ќе ги врати ли мојот внук?“ – потенцираше Демири.

Годинава беше година на молк – прво за економијата, потоа за сè. Но ние, СДСМ, не молчиме. Зборуваме со бројки, со аргументи, со факти. СДСМ не се плаши – ни од ВМРО-ДПМНЕ, ни од никој. Тука сме да се бориме – за достоинство, за еднаквост, за подобра економија.

Би можело да ве интересира

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори