Демири: Истражните органи да ја спроведат истрагата за убиениот лекар

Од:

Министерот за здравство, Илир Демири информира дека нема информации околу случајот со убиството на лекарот во Железара. Очекува истражните органи и Министерството за внатрешни работи да ја спроведат истрагата.

-За жал, немам информација. Државата треба да ја спроведе истрагата. Тоа зависи од истражните органи и од Министерството за внатрешни работи. Јас, длабоко жалам за изгубениот живот. Тоа треба да го осудуваме сите тој акт. Министерството за здравство го осудува актот, рече Демири на прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против туберкулозата.

Министерот нагласува дека за да се намалат овие насилни напади врз здравствените работници неопходно е да се зголемат безбедносните мерки.

-Не знам како друго би можело да се намали влијанието и таквите насилни испади врз здравствени работници, освен во секоја институција да се зголемат безбедносните мерки. И да се подигне свесноста на населението дека здравствените работници се нивни пријатели, нивни слуги. Ова зависи многу од колективната свесност, рече Демири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демири: ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм

„Што сте се фатиле за Бесија, не го прекршила законот “ – Министерот Демири ќе ги разреши сите, но директорката на Токсикологија не

Операционите сали нема да проработат додека не се реши проблемот – набавени се шест надворешни компресори за итните случаи

Анита Петровска Рајковиќ

Алил Демири, осудениот на доживотен затвор за убиствата кај Смилковско езеро е на слобода

Катерина Ѓуровски

Барањето за екстрадиција на Демири е активно од 2018 година, Министерството за правда чека одговор

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсен Демири во Косово – обвинет за убиството кај Смилковско

Анита Петровска Рајковиќ