Демант од МОН за информациите за распределбата на легла во студентските домови

Од:

„Срамни се политичките игри на грбот на студентите кои деновиве се спроведуваат во дел од градовите преку т.н. „герила акции“ и лепење плакати по образовни установи, на кои на фалсификат меморандуми од Министерството за образование и наука, што претставува кривично дело согласно член 379, став 1 точка 5 од Кривичниот законик, лажно се наведува дека распределбата на легла во студентските домови се спроведува по партиска линија.

Апелираме до сите инволвирани во обидите за политичка злоупотреба на студентите да се воздржат од истото и нагласуваме дека распределбата на леглата се спроведува согласно Законот за студентски стандард, максимално транспарентно и правично, со што, предност во доделувањето на легла и стипендии им се дава на студентите кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, односно на студентите кои навистина имаат потреба од поддршка од државата“, се вели во демантот на Министерство за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите