Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, Кабинетот на претседателот извести дека таков документ не е врачен од страна на Пендаровски или издаден од Кабинетот на претседателот.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека лице кое јавно се заканува по животот на Христијан Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Димитар Ковачевски, а добил благодарница од претседателот Стево Пендаровски.