Демант на Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите

Од:

„Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите ги демантира и отфрла како невистинити наводите изнесени на порталите Плус Инфо, А1 ОН и Репортер под наслов “Помилување за затворениците кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ” и “Секој затвореник кој ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде помилуван?”.

Управата за извршување на санкциите во целот ги демантира изнесените наводи дека директорката на Управата за извршување на санкциите и директорот на КПД Идризово вршеле притисоци на затворениците и ветувале помилување и најостро ги осудува обидите на г-а Мери Николова, со пласирање на овие лаги и невистини и со манипулации предизборно во насока на постигнување на политични поени да врши повреда на слободата на определување на осудените лица.

Во насока на правилно информирање на јавноста известуваме дека Директорот на Управата за извршување на санкциите и директорот на КПД Идризово немаат надлежности за помилување на осудени лица односно дали некое осудено лице ќе биде помилувано одлучува Претседателот на Државата. Директорот на Управата за извршување на санкциите и директорот на КПД Идризово ниту вршат притисоци ниту ветуваат помилувања на осудени лица и секое осудено лице може слободно и по сопствено убедување да го оствари своето избирачко право.

Г-а Мери Николова, подолг период со пласирање на груби невистини и измислици на нејзината фејзбук страна и на порталот А1 ОН се обидува да ја девалвира работата на казнено-поправните установи во Република Македонија и да претстави погрешна слика во јавноста за начинот на постапување со осудените и притворените лица во казнено-поправните установи.

Во насока на објективно и професионално информирање на јавноста бараме да се почитува уставното начело за објавување на демантот согласно член 16 од Уставот на Република Македонија“, се вели во демантот на Управа за извршување на санкциите.

Би можело да ве интересира

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Преку алтернативни мерки до растеретување на затворскиот систем

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески