Делев: Заев и СДС го пуштија Бошњаковски да се срами во нивно име

Од:

„Владата на Зоран Заев и СДС не ги бива и тој факт не може да го покријат со ниту една манипулација презентација или прес конференција на која изнесуваат невистинити бројки и податоци. Со оваа прес конференција низ вода го пуштија Миле Бошњаковски да се срами во нивно име. Ставиле се на куп и за промоција на туризмот и за плати на вработени и за инфраструктура и за се, само за да ги напумпаат бројките и така да ја манипулираат јавноста.

Доколу беа убедени Заев, Аншушев и Тевдовски дека имаат било каков резултат сами ќе излегуваа да ги држат ваквите апсурдни прес конференции.

Тие сакаат да ја покријат својата неспособност, фијаското кое го доживеаа овие три месеци во поглед на привлекувањето на странски инвеститори и целокупниот крах на економијата кој што го предизвикаа со катастрофалните политики. Тие на своето конто имаат 0 инвестирори кои отвориле 0 работни места и затоа сега јалово се обидуваат да докажат дека тие кои што донеле не направиле ништо добро. Со тоа сакаат да го пренабрегнат фактот дека досегашните инвеститори вработиле 25 илјади работници, придонеле во зголемување на извозот, раст на БДП и раст на целокупната економија. Со истите програми се привлекуваа и туристи во Македонија и фак е дека Македонија има континуиран раст од над 10 проценти во туризмот во последниве 10 години. Никој од сегашната власт неможе да го пресмета бенефитот од странските инвестиции за Македонија како и енормниот раст на туризмот. Почитувани колеги од СДС каде ви е анализата?

Сега предлагаат мерки од кои апсолутно никој немаа корист, предлагаат државна помош која ниту знаат ниту можат да ја утврдат по кој критериум ќе ја делат.

Целта на ваквата политика на владата предводена од црната економска тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски е јасна, да се бркаат инвеститорите, невработеноста да остане висока, а тие да продолжат да даваат ниски плати во ним блиските фирми и на тој начин да остваруваат екстра профити.

Јасно ни е дека владата предводена од Зоран Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места. Доколку имаше капацитет Заев да привлекува странски инвестиции тоа ќе го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада. Сега Целта на црната економска тројка е цела Македонија да ја претвори во Сачево, која секој инвеститор ќе ја избегнува во широк лак, а работниците ќе работат за ниски плати во нивните фирми“, изјави Христијан Делев.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода