Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со Европската унија.
пред

Петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, со кој ќе копретседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, се смета за прв прелиминарен тест на динамиката на реформската агенда, која е концетрирана во трите столбови – безбедностно -разузнавачкиот систем, јавната администрација и правосудството.

Во состав на владината делегација се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Според програмата во Европската комисија е превидена заедничка прес-конфереција на Заев, високата претставничка Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Високи дипломатски извори во Брисел, како што претходно јави МИА, изјавија дека отворањето преговори со Северна Македонија во јуни ќе биде приоритет на романското претседателство, но неизвесноста ќе трае сѐ додека не се објави извештајот на ЕК.

Останува дека е неизвесна агендата на јунскиот совет. Со оглед на претстојните избори за Европскиот парламент, што ќе се одржат на крајот на мај и на чувствителноста на европската јавност околу проширувањето, ЕК одлучи да ги одложи извештаите за земјите од Западниот Балкан за првата седмица по изборите, најверојатно на 29 мај.

Советот за општи работи, пак, е предвиден за 18 јуни, што не остава многу време за земјите членки да ги разгледаат наодите на ЕК и да донесат одлука.

За време на престојот во Брисел, Заев во седиштето на НАТО ќе се сретне со генералниот секретар Јенс Столтенберг, а предвидена е и заедничка прес-конфереција.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија