Делегација предводена од Маричиќ се сретна со претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс

Од:

Во рамки на објаснувачкиот скрининг за Поглавје 18 – Статистика во Луксембург, делегација предводена од Посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и главен технички преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, во придружба на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, оствари средба со претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс.

На средбата, како што соопшти владината прес служба, претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс упатил честитки до Владите и Парламентите на Република Северна Македонија и Република Грција за надминување на 27-годишната разлика во уставното име меѓу двете земји потенцирајќи дека Договорот од Преспа е доказ дека Европската Унија се уште е мировен проект.

Во разговорот, претседателот Ленартс посочил дека владеењето на правото е камен темелник на Европската Унија и е заедничка одговорност како на земјите членки, така и на идните земји членки. Потенцирал дека за демократија, владеење на правото и почитување на човековите права е потребно време, но и голема волја. Тој исто така ги истакнал потребата од подобрување на ефикасноста на судската администрација и дигитализација на судството како клучни актуелни прашања за европското правосудство.

Главниот технички преговарач Бојан Маричиќ се заблагодарил на упатените честитки, објаснувајќи дека Европската Унија имаше круцијална улога во враќањето на демократијата во нашата земја, во реформирањето на судството и борбата против корупцијата како приоритетна област, како и во решавањето на отворените прашања со соседите. Маричиќ посочил дека поддршката на ЕУ и залагањата на Владата го отворија патот на Северна Македонија за одлука за почеток на преговорите за членство која ја очекуваме во јуни 2019 година.

Во оваа пригода нашата делегација упатила покана до претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс да ја посети Република Северна Македонија, за поблиску да се запознае со спроведувањето на реформите и да даде дополнително охрабрување и мотивација на нашите институции и граѓани.

Би можело да ве интересира

Од 1 јули ќе се издаваат пасоши со името Република Северна Македонија, предложени законските измени

Жарко Настоски

Ѓилас: ЕУ мижи пред случувањата во Србија

Потребни се млади стручни кадри, дуалното образование важно за успешна економија

Во декември 40,6 илјади туристи ја посетиле земјава, најмногу во Скопје

ВИДЕО: Поддршка од Полска за ЕУ и НАТО

Состанок на Заедничкиот експертски комитет за отворање граничен премин во областа на Преспанското Езеро

Драган Поповски