Делегација од Стразбур во набљудувачка мисија на локалните избори во Македонија

Од:

Белгијанецот Ван Карим Овермеир ќе ја предводи делегацијата на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа која од утре до 16-ти овој месец ќе престојува во Македонија во набљудувачка мисија на локалните избори, а ќе работи заедно со ОБСЕ/ОДИХР.

Делегацијата од Стразбур, пред гласањето на 15 октомври, ќе има средби со министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, со кандидатот за градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски, како и со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.

Членовите на делегацијата ќе имаат средби и со претставници на политички партии и кандидати на локалните избори, со претставници на дипломатскиот кор, на граѓанскиот сектор и медиумите.

Делегација од Стразбур на денот на изборите ќе распореди шест тимови за да ги набљудуваат процедурите за гласање и броењето на гласвите низ целата земја.

Заклучоци за текот на изборите членовите на делегацијата ќе презентираат на прес-конференција на 16 октомври, а по оваа мисија на евалуација на изборниот процес ќе се изготви детален извештај кој ќе биде на разгледување на 34. пленарна седница на Конгресот на локланите и регионалните власти на Советот на Европа закажана за во март 2018 година во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски