Делегација од СДСМ одржа состанок со работната група на земјите-членки на ЕУ за регионот на Западен Балкан

Од:

Делегација од СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, во состав Радмила Шекеринска -заменик претседателка на партијата, Оливер Спасовски – генерален секретар и Лидија Димова -претседателка на комисијата за европски прашања, денеска одржа заеднички состанок со работната група на земјите – членки на Европската унија за регионот на Западен Балкан.

На состанокот се разменија мислења за длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Р. Македонија и можните излезени решенија.

sostanokSdsR (1)

Претседателот Заев истакна дека СДСМ високо го цени ангажманот и поддршката на Европската унија за Република Македонија. Тој изрази очекување дека Унијата позасилено ќе се вклучи во процесите за изнаоѓање излез од длабоката политичка криза.

„Една од целите на проектот Вистината за Македонија е отворање на можноста за повторно да се изградат институциите во нашата земја, коишто се целосно урнисани од неколкумина во врвот на актуелната власт. Само на тој начин можеме да ја градиме Република Македонија како демократска држава со јасна европска перспектива“, рече Заев.

sostanokSdsR (3)

Заменик претседателката Шекеринска посочи дека презентираните докази во јавноста, преку проектот Вистината за Македонија, докажуваат дека институциите на системот се целосно поклопени од неколкумина во врвот на власта.

„Кривичните пријави поднесени врз основа на објавените докази, коишто се однесуваат на криминал и корупција на највисоките владини функционери, вклучително и на премиерот на државата, се заглавени во обвинителството и по нив не се постапува. Затоа не може да се очекува правна разрешница со вакви институции, контролирани од врвот на власта“, рече Шекеринска.

sostanokSdsR (2)

Претставниците на земјите членки на ЕУ посочија дека Унијата одблиску ја следи состојбата во Македонија за којашто изразија длабока загриженост.

Заеднички беше констатирано дека за да се задржи европската перспектива на Република Македонија неопходно е да се превземат сериозни чекори во повеќе области, особено во делот на владеењето на правото, слободата на медиумите и почитувањето на човековите права и слободи.

sostanokSdsR (4)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“