Делегација од МВР и МТСП во посета на Чешка Република

Од:

Делегација составена од преставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, оствари официјална посета на Министерството за внатрешни работи на Чешката Република.

Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, делегацијата предводена од Државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска ги посетила Прифатниот центар за баратели на азил “Заставка”, Центарот за интеграција на баратели на азил во Брно, Центарот за сместување”Костелиц” и Прифатниот центар “Ружине” на Меѓунарониот аеродром во Прага.

Во рамки на посетата, била остварена билатерална средба со директорот на Одделот за меѓународна соработка и Европска унија на МВР на Чешката Република, на која било разговарано за продлабочување на соработката на билатерално ниво за справување со мешаните миграциски текови како и за поддршката на Република Македонија во прецесот на интеграција во Европската унија и НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимаа како ја палат фабриката во Чешка: „Го погодивме епицентарот на израелската индустрија за оружје“

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски