Делегација на СДСМ на Конгрес на СДП БИХ

Од:

Делегација на СДСМ во состав Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и членот на И.О на СДСМ Едмонд Адеми присуствуваат на 6 Конгрес на СДП БИХ, што се одржува денеска во Сараево. 

На Конгресот чест да се обрати во име на СДСМ имаше и потпретседателот на СДСМ, Манчевски.

Тој пренесе благодарност до сестринската партија од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за меѓусебната соработка и поддршка, посакувајќи плодна и успешна работа на новото раководство.

Манчевски посочи дека и Македонија и БИХ се исправени пред предизвиците за враќање на основни човекови прави и слободи за своите граѓани и изградба на вистински граѓански општества. Во таа насока изрази почит за солидарноста на СДП БИХ кон заложбите на СДСМ и на граѓаните на Македонија за враќање на слободата и демократијата.

Во рамки на посетата, делегацијата на СДСМ оствари и билатерални средби со претставници на други делегации, меѓу кои со Ранко Кривокапиќ, претседател на Собранието на Црна Гора и претседател на СДП Црна Гора, со делегации на Демократската партија на Србија, на Социјалдемокраската лига на Војводина.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема