Делегација на ЕК: Означувањето на закони со европско знаме да се ограничи и да се употребува само кога е оправдано

Од:

За Делегацијата на Европската Унија во земјава, означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата. Оттаму во изјава за МИА велат дека ќе побараат дополнителни појаснувања од власта откако денеска вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција кажа дека се донесени пет нови закони за коридорите кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаменце.

-Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од Делегацијата на ЕК на прашање на МИА да дадат став за најавата дека законите за Коридорите 8 и 10д ќе бидат доставени во Собранието со европско знаме.

Од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје потсетуваат дека употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ.

-Како што рековме во последователните извештаи на Комисијата за Северна Македонија, употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ. Не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом, велат од Делегацијата на ЕК за МИА.

Претходно, денеска на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека Владата на денешната седница донела нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме.

Целта на новите законски решенија, како што посочи, е побрза и поевтина изградба на коридорите. Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа. Ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија затоа што со тоа, како што рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов

Жителите на Горна и Долна Бањица се жалат дека експропријацијата за изградбата на Коридорот 8 е по пониски цени

На распит во Обвинителство сите инволвирани во изборот на надзорот за автопатите на „Бехтел и Енка“

Орце Костов