Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Од:

Под параван на „меѓународно претставување“, власта на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребува државниот буџет за луксуз, комодитет и лични задоволства, додека народот преживува во услови на распаднато здравство, нефункционални институции и длабока сиромаштија. Овојпат, во Јапонија отпатуваа повеќе од 20 претставници на владата – министри, советници, портпароли и сопруги, на уште една раскошна, бесцелна и скапо платена „делегација“, чија реална корист за државата е непостоечка, велат од Левица.

– Да потсетиме: Владата претходно веќе потроши 10.380.340 денари само за осмислување на претставувањето на саемот.

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика – функционери со сопруги, службени патувања што мистериозно се совпаѓаат со туристички атракции, и сето тоа финансирано од народната каса. Очигледно, владиниот апарат станува алатка за лични „медени месеци“, каде државните интереси се само параван за раскошни уживања и неизживеани фотосесии.

Шетањето на членови на семејството не е исклучок, туку правило за оваа власт. Потсетуваме на случајот со синот на Мицкоски кој патуваше во САД, како и на сопругата на Африм Гаши во Вашингтон – за што Левица поднесе претставка, а случајот беше една од основите за интерпелацијата на Гаши. Истовремено, премиерот Мицкоски патува со бизнис класа, изнајмува приватни авиони поради ‘болки во колената’, а истовремено ја турка идејата за набавка на нов владин авион, што очигледно ќе служи не за државни итни случаи, туку за приватни прошетки на функционерите и нивните семејства.

Левица бара итно, прецизно и јавно објавување на сите трошоци поврзани со оваа екскурзија, поединечно за секој член на делегацијата, со јасно објаснување која била потребата и импактот од неговото или нејзиното присуство во Јапонија.

Ароганцијата со која оваа власт ги третира јавните средства, како лична сопственост, е навреда за секој граѓанин кој се бори за егзистенција и секојдневно се соочува со колабираните јавни услуги на државата. Овој однос кон народниот буџет крајно неодговорен и сведочи за целосно отуѓување на власта од реалноста во која живее мнозинството граѓани.

Наместо служба на народот, гледаме раскош за малкумина. Наместо отчетност – ароганција. Наместо државничко поведение – неизживеаност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Апасиев: Хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

Горан Наумовски