Делегации положија цвеќе на гробот на Карев

Од:

По повод 111 годишнината од Илинденското востание бројни делегации го посетија споменикот Илинден на Гумење каде положија цвеќиња пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев.

Пред гробот на Карев се поклони делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Тајко Вељаноски, делегација на Генералштабот на АРМ предводена од генерал мајор Методија Величковски, делегација на Владата предводена од министерот Зоран Јолевски, делегација на градот Крушево предводена од градоначалникот Ѓорѓи Дамчески и делегација на научно културните средби „Десет дена Крушевска Република“ предводена од потпретседателот Маноил Јаковлевски.

Цвеќе положија и делегации на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Миле Јанакиески и на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев.

Делегациите оддадоа почит и на загинатите илинденци пред споменикот на месноста Слива.

Во тек е панихида во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево за покој на душите на загинатите илинденци и крушевчани кои загинаа во илинденската епопеја пред 111 години.

Централната свеченост и одбележувањето на 111 годишнината од Илинденското востание е на Мечкин Камен каде се очекува напладне да говори претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска