Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Од:

Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници, а полицискиот службеник и понатаму останува под минималната плата доколку се одземат додатоците кои се предвидени со колективниот договор, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полиција Гоце Делчев Тодев.

Тој нагласи дека НСП има сериозни забелешки на буџетот за 2021 година во кој повторно се маргинализирани вработените од Министерството.

– Иако во целиот регион и пошироко покрај здраствените работници и полициските службеници добија надомест за работа во ковид кризата, кај нас истите се испуштени и не е предвиден ниту минимален надомест кој ќе им оддаде признание за нивната пожртвуваност за време на кризата, потенцираше Делчев Тодев.

Тој образложи дека во буџетот повторно не се предвидени значителни средства за набавка на нова опрема за полициските службеници, униформа која не е набавена во целост од 2008 година, панцири, шлемови и оружје кои се користат, а се стари од 30 до 50 години.

– Нема предвидено средства за обнова на возниот парк кој согласно подзаконските акти на Министерството не треба да е постар од пет години, а остануваат старите и дотрајани возила во служба надевајќи се на евентуални донации, рече претседателот на НСП.

Тој потенцираше дека полицијата е главен безбедносен столб на државата и во неа мора постојано да се инвестира со цел унапредување и реформа што сериозно е потребна.

Би можело да ве интересира

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

А1он

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници