А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Делавекурас: Македонија е одговорна за не решавање на прашањето за името

by А1он24/01/2013 - 15:1324/01/2013 - 15:13160
Share0

Македонските власти бараат начин како да го заобиколат проблемот со името, наместо да го решаваат и ја сносат одговорноста за понатамошниот развој на настаните по ова прашање, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас.

Добивај вести на вибер

За да дојдеме до решение, потребна е политичка волја, рече Делавекурас и повтори дека Грција тоа го покажала со меморандумот за разбирање на кој „немало одговор од другата страна“.

Тој повтори дека решавањето на прашањето за името „ќе ги зајакне билатералните односи и регионалната безбедност и ќе му даде поттик на европскиот и евроатлантскиот курс на Македонија“.

Во врска со иницијативите на еврокомесарот Филе, Делавекурас го повтори соопштението од грчкото МНР кое беше објавено по поканата на Филе за средба со министрите Попоски и Аврамопулос дека „е многу јасно оти процесот што тече во ОН за конечно решавање на прашањето за името не е поврзан со пристапувањето на ПЈРМ кон ЕУ“ и оти „Грција во принцип нема ништо против средби кои се добро подготвени и кои ќе имаат ефективни резултати“.

Потсетувајќи на претстојната средба на претставниците на двете земји со Нимиц кон крајот на јануари во Њујорк, портпаролот на грчкото МНР рече дека „се надева оти Скопје ќе покаже нов пристап, соодветен на она што Грција го покажа со меморандумот за разбирање кој му даде поттик и го оживеа процесот“ што се води со посредство на Нимиц.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дека „Бугарија не е во војна со Скопје, како Грција“, Делавекурас рече дека „бугарскиот претседател најверојатно се збунил затоа што Грција не само што не и се заканува на Македонија, туку и придонесува за нејзината стабилност и безбедност“. Тој исто така ја истакна и важноста од претпазливост при давање слични изјави.

delavekurasimeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен