Дел од жителите од Припор утре без вода

Од:

Корисниците од населбата Припор утре од 10 до 16 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради вградување „ЦМЦ“ регулатори на улицата „Христо Татарчев“ без број во населбата Припор, кај хотелот „Најс“.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Коле Неделковски“ бр.46, утре од 10 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од улиците „Коле Неделковски“ и „Стефан Јакимов Дедов“.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он