Дел од Скопје без вода, голем дефект спроти Олимпски базен

Од:

Поради голем дефект на булеварот „Кочо Рацин“ спроти Олимпскиот базен без вода или со намален доток на вода ќе бидат голем дел од корисниците на Скопје.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе бидат населбите Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија,Моране и Студеничани.

Станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1400мм.

– Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ЈП Комунална хигиена обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010. Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните во овие делови на град Скопје. Воедно уверуваме дека тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, непрекинато ќе работат со цел брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснадувањето, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он