Дел од општина Сарај в понеделник без вода

Од:

Жителите од скопското село Љубин в понеделник и вторник од 9 часот може да имаат мал прекин во водоснабдувањето.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоарот за вода во село Љубин. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Без вода в понеделник од 8 до 15 часот ќе бидат и жителите од селата Сарај, Грчец, Љубин, Матка, Глумово, Шишево и Крушопек.

Прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата „Маршал Тито“ без број во Сарај.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он