Корисниците на потегот од булеварот „Кирил и Методиј“ до улицата „Димитрие Чуповски“ утре од 10 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради промена на водомер на булеварот „Климент Охридски“ бб, кај Театар Комедија во општина Центар. Прекинот ќе биде се до завршување на работата.
Мал прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот може да имаат дел од корисниците од населбата Припор, општина Кисела Вода. Прекинот, како што се наведува, е поради хлорирање на резервоарот Припор (зона 2).