Корисниците од улицата „Владимир Полежановски“, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до улицата „Рајко Жинзифов“, во општина Центар, утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на водоводна цевка со пречник од два цола на улицата „Стеван Јакимов Дедов“ бр.3 во населба Центар.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со санирањето на дефектот.