Корисниците од улицата „Црвена Вода“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од еден цол на улицата „Дане Крапчев“ бр. 22 во Дебар Маало.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата од страна на екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје.