Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во пресрет на предвремените парламентарни избори 2014 година, подготви Декларација за соработка со младите во Република Македонија и ги повика сите политички партии да ја потпишат денеска во НВО Центар Скопје.
Целта на Декларацијата е сите политички партии да се заложат за поддршка на младинскиот сектор и младите во Република Македонија и за унапредување на статусот на младите во македонското општество.
Националниот младински совет на Македонија е составена од 56 младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии. Во изминатиот период работи на промовирање и застапување на интересите, потребите и правата на младите, унапредување на нивниот статус во општеството, како и за нивно директно вклучување во процесите на донесување одлуки на сите нивоа на институционално работење и дава можност на партиите да се приклучат кон овие заложби.