Декларација за соработка на локалните избори на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“

Од:

Политичките партии обединети во коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера потпишаа Декларација за заеднички настап на претстојните локални избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по потпишување на декларацијата порача дека на граѓаните им е потребен напредок и подобар живот и дека на изборите очекуваат победа.

– Денес одлучно застануваме заеднички, за на граѓаните заеднички да им ја понудиме најдобрата кадровска и програмска понуда. Она што не обединува Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати е потребата за напредок. Тој напредок ќе го понудиме, тоа е желба за подобар живот. Оваа декларација за коалициски настап е вовед во нова победа на претстојните избори во Македониј, истакна Груевски.

Според него, како резултат на нивната работа досега се решени комунални и инфраструктурни проблеми и се реализирани 10.359 ветувања за општините и граѓаните.

– Овие резултати ветуваат дека тоа што ќе го понудиме и на овие локални избори ќе биде преточено во нови километри асфалт, нови цевководи, нови објекти, нови подобрени услуги за граѓаните. Затоа слободно може да кажеме дека оваа не е само декларација потпишана само помеѓу политички партии, туку е декларација потпишана со граѓаните, која својата верификација ќе ја добие на 15 октомври со една убедлива победа на локалните избори, наведе Груевски.

Претстојните локални избори, како што рече, не се само обични избори за градоначалници и локални совети, туку се избори за Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека новата Влада покажала неспособност да се справува со проблемите на граѓаните.

– Нашата понуда посветеност, одговорност и знаење ќе биде најдобриот одговор на хаосот и неизвесноста која СДС ја предизвика, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он