ВИДЕО: Декларација на Унијата за закон и комора на здравствените работници со средно, вишо и високо образование

Од:

„Да спасиш еден живот, тоа значи дека си херој, но да спасиш илјадници животи, тогаш си медицинска сестра“ – Ова е девизата која секој ден на илјадници медицински сестри, насекаде низ светот им дава поттик за работа. Да се биде медицинска сестра значи хуманост, храброст и пожртвуваност во битката да се одржи и сочува здравјето на поединецот кое всушност претставува состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест. Ова е девиза која не важи само за медицинските сестри туку и за сите здравствени работници кој го даваат максимумот во својот домен.

Вредноста на здравствените работници и нивната голема улога во здравствениот систем ни е добро позната на сите. Затоа постоењето на комора е следниот чекор кон кој се стремат стручните здруженија. Комора која вистински ќе се грижи и ќе ги штити нивните интереси е од особено значење за нив, но и за нас корисниците на здравствените услуги.

Токму затоа на 13-ти декември во Вип Арената на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа работилница, односно голем состанок на тема „Видиците на нашата професија преточени во закон и комора“. На големиот настан присуствуваа преку 2000 медицински лица, претседатели на граѓански здруженија и поддржувачи на залагањата на здравствените работници со средно, вишо и високо образование.

Големиот настан својата поддршка ја доби и од голем број државни функционери кои поради тековните работни обврски не успеаа да присуствуваат.

Состанокот започна со преставување на т.н Унија на здруженија односно со говор на потпретседателот мед. тех. Анита Димовска и секретарот мед. тех. Славица Стојановска како преставници на Здружението на медицински сестри, техничари, стоматолошки сестри и акушерки – За нас, за Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки – Флоренс Најтингејл од Тетово и говореше нивниот претседател дип. мед. тех Наџије Фетаи, за Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки – „Славјанка Влахчева“ (Систина) нивниот претседател Ирена Нечевска; за Сојузот на медицински сестри, техничари, акушерки и лаборанти – Гостивар, односно од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и лаборанти говореше претседателот Бесник Касани; за Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Р.Македонија претседателот Рубинчо Талески; за Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и лаборанти од Гостивар говореше претседателот Ивица Билбиловски и за Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и лаборанти – Албанци од Гостивар нивниот претседател Џеват Салија.

Едногласни во нивните ставови тие го побараа законот за сестринство и основање на комората за здравствените работници со средно, вишо и високо образование.

„По долги години ние медицинските сестри, стоматолошките сестри, техничарите, акушерките и лаборантите од цела Македонија се сплотивме во Унија и во седум здруженија во кои сме членови. Главната цел е вака сплотени да успееме да го добиеме законот за сестринство, кој треба да го уреди нашето здружување во комора. Комората пак е правен субјект која треба да ги постави основните начела по закон и по пропис, но и да ги штити нашите права, односно тоа е неминовно за да не имплементира во здравствената политика. Многу прашања и проблеми ќе се решат доколку го добиеме законот како основа, а законот да ни ја предвиди комората. Многу ни значи поддршката од лекарската комора бидејќи оваа работа е тимска и ние сме сите исто стручни и професионално зависни. Сето ова ќе допринесе за подобрување на целокупната состојба со нашиот профил, а најмногу до зголемување на довербата кај пациентите. На наше задоволство од сите страни имаме подршка и соработка на која и се радуваме и веруваме дека ќе успееме бидејќи ние мед.сестри сме родени ангели без крилја. Но, кога стануваме мед.сестри ни растат крилјата. Ние можеби не сме ангели, но сме втората најубава работа по ангелите.“ – изјави претседателот на ЗМСТА – ЗА НАС и Координаторот на Унијата на здруженија.

Беше потпишана и декларацијата на сите седум здруженија со која ќе побараат од надлежните да им се овозможи формирање на комора.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Бешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство