Дефектот во Слупчане ќе се санира: Бектеши гарантира дека жителите нема да ги спречат тимовите на ЕВН

Од:

Дефектот на електричната мрежа кој поради приклучување на диво го предизвикаа жителите на Случане, а поради кој без струја останаа уште три села во липковско, ќе биде саниран откако ЕВН добиле гаранции од страна на министерот Крешник Бектеши дека нивните екипи нема да бидат спречени во работењето.

“Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на Електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија“, соопштија за „А1он“ од Електродистрибуција.

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во трансформатор, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

Од ЕВН утрово информираа дека доцна синоќа, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем трансформатор во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.

Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции.

Би можело да ве интересира

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата

Фиксна цена на струја 2 години: Како компаниите да обезбедат стабилност и пониски трошоци во време на неизвесен пазар?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 мај 2026 изнесува 116,02 евра за мегават час, на МЕМО 67,02 евра за мегават час